Советување „Пробација-нов импулс за условниот отпуст“

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Судии од прв степен кои одлучуваат во кривични совети за условен отпуст, директори на затворите и казнено-поправните установи во Македонија, претставници од министерствата за внатрешни работи и за правда, од Управата за извршување на санкции и јавни обвинители, денеска во Скопје учествуваат на тркалезната маса насловена  „Пробација-нов импулс за условниот отпуст“.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска рече дека кратко време по донесувањето на Законот за пробација на 25 декември 2015 година, Академијата во соработка со ИПА проектот и со Управата за извршување санкции ја организира оваа тркалезна маса со цел да ги запознаат судиите со решенијата воведени во овој Закон кој, како што додаде, ќе бидат од особена корист за правосудството во Македонија.

- Од аспект на пробациската служба, а во насока на техничка и стручна поддршка на правосудството особено е значајно што пробациските работи ќе се вршат како за време на траењето на кривичната постапка, така и по изрекувањето на судските одлуки, истакна Арнаудовска.

Посочи дека е многу битно што во текот на постапката пробациските службеници ќе вршат процена на ризикот на обвинетиот, по што ќе доставуваат извештај до судот за таа процена, заедно со предлог за видот на кривичната санкција за обвинетото лице.

- Ова е особено значајно што пробациската служба и пробациските службеници ќе ја остварувааат координацијата помеѓу сите институции кои учествуваат во спроведувањето на Законот, а со цел за поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на обвинетите лица, истакна Арнаудовска.

Институциите, како што додаде, меѓусебе ќе разменуваат информации и ќе соработуваат се со цел да се изрече адекватна казна, но и по излегувањето од затвор на осуденото лице да му се помогне да се вклопи во општетсвото.

Меѓународниот експерт за пробација Енди Стелман пред учесниците на советувањето посочи дека во моментов се создава нова рамка која содржи многу елементи од казнено-правниот систем, а целта е да се покаже дека со еден соодветен надзор и поддршка од пробациските службеници може да се осигура мониторинг - надзор врз осудените лица кои се на условен отпуст.

- На тој начин се намалува пренатрупноста на затворите во земјата и се зголемува довербата од сите засегнати чинители и надлежните органи, рече Стелман и додаде дека ова  може да функционира, односно осуденото лице да го издржува условниот отпуст во заедницата, да се врати во заедницата и да се намали повторувањето на делата.

Според експертот за пробација и поранешен директор на операции во пробациската служба во Англија, Џули Мастерс сега се поставуваат темелите на пробацискиот систем, а тоа автоматски значи дека може многу да се направи со цел најефикасно се изведе и да се постави да функционира овој систем.

- Целта е да се воспостави солидна и цврста база врз основа на која во иднина ќе може да се работи со уште поголем број осудени лица во делот на нивно покривање на пробациската работа на условниот отпуст, рече таа.

Адвокатот Јордан Апостолски, кој е главен правен експерт на ИПА 2010 проектот за „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на условната казна и алтернативните мерки„ посочи дека ова советување е дел од проектот на ЕУ за поддршка на судството.

- Формирањето на пробациската служба е услов за добро функционирање на новите инструменти на Законот за кривична постапка и Кривичниот закон, рече Апостолски, изразувајќи надеж дека оваа служба ќе почне да функционира во септември годинава и  дека дотогаш ќе бидат избрани пробациски службеници.

Советувањето е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со ИПА 2010 проектот за „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на условната казна и алтернативните мерки“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...