Поднесено обвинение против службено лице од МВР за нудење поткуп

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против вработен во Министерството за внатрешни работи за незаконито влијание врз сведок.

- По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, за сторено кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот, се наведува во денешното соопштението од Јавното обвинителство на РМ.

Притоа, како што се посочува, е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.

- Надлежниот обвинител денеска по завршување на постапката и целосно расветлување на настанот, до Основниот суд Скопје 1 -  Скопје поднел Обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“ од член 368- а, ст. 1 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...