Средба на Ременски со претставници на Националниот совет на инвалидски организации

Скопје, 5 февруари 2016 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска имаше средба со претставници на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) во којшто членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност со цел потпишување на годишните договори за нивно финансирање. 

Како што соопшти Министерството, средствата се распределуваат согласно со Законот за инвалидски организации во делот на распределбата на средствата од страна на Министерството за труд и социјална политика врз основа на претходно доставени програми од страна на овие субјекти и Законот за игри на среќа и забавни игри со којшто е уредено средствата остварени при уредувањето на игрите на среќа и забавни игри како приход на Буџетот на Република Македонија да се користат за финансирање на националните инвалидски организации и нивните општински здруженија.

Покрај тоа, на средбата, се наведува во соопштението, станало збор и за досегашните активности на секоја Национална инвалидска организација поединечно, која што ги претставува лицата со определен вид и степен на инвалидност, но нивните заеднички активности се насочени кон стекнување на еднакви заеднички и посебни потреби.

- Исто така, на средбата беше потенцирано дека мора да има организираност и координираност од двете страни како што е НСИОМ, МТСП и останатите релевантни субјекти со цел да се дејствува во сите сфери на животот на лицата со одредена инвалидност, посебно на полето на образованието, пристапноста, отстранувањето на архитектонските бариери, здравството, вработувањето, социјалната заштита, културниот живот, спортско-рекреативните активности, одмор и закрепнување на членовите итн, стои во соопштението.

Поради специфичните потреби на членовите на секоја инвалидска организација поединечно беше констатирано дека секоја од нив треба да биде оспособена да ги реализира специфичните потреби, како што се набавка на помагала на своите членови, обезбедување придружник, обезбедување толкувачи на знаковен јазик, да ги оспособува членовите за ориентација и социјална интеграција, отстранувањето на архитектонските бариери, посредувањето при вработување на лицата со инвалидност, покренување на иницијативи за унапредување на социјалната заштита и правата на лицата со инвалидност, грижа за семејството, потребите од организирани културно-спортски и рекреативен живот, решавање на секојдневните животни проблеми со кои се судруваат лицата со инвалидност.

Во Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е. Македонскиот олимписки комитет и Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...