Во Велешкиот театар вечер претпремиера на „Медеја“

Велес, 5 февруари 2016 (МИА) - На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер претпремиерно ќе биде изведена претставата „Медеја“ работена по мотиви од Еврипид на текст на Сашо Димовски во режија на Ненад Витанов.

Според авторот на текстот Сашо Димовски, во претставата има испитување на границите на човековото битие, на неговата емоционална состојба и испитување на потеклото на ужасот.

- Оваа мојата Медеја не почнува со нејзиното отуѓување од родниот крај, туку ја претставува Медеја во времето пред таа да стане жена на Јасон. Каде почнува приказната за Медеја, претставата е двојна историја. Дел од претставата е сместен во сегашност, што зборува за бесмртноста на безвременската Медеја, потенцира Димовски.

Во претставата на која се работеше во изминатите три месеци во главните улоги на настапуваат актерите на Битолскиот театар, Габриела Петрушевска како Медеја и Огнен Дранговски како Јасон. Со нив на сцената ќе настапат и актерите на Велешкиот театар: Зорица П. Панчиќ, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасевски, Владимир Тулиев и Талија Настова.

Музиката во претставата ќе биде изведена во живо и е комбинација на етно и модерен звук, авторство на Сашко Костов, а костимите се на Катерина Чукниева.

Инаку, претставата премиерно ќе биде изведена утревечер, а во рамки на фестивалот „Дамите на езерото“ финансиран со средства од ЕУ во рамки на македонско-грчкиот проект од Програмата за меѓугранична соработка на ФАД „Стоби“ од Велес со Здружението за култура „Преспа“ од Лерин.

Претставата кон крајот на месецов ќе биде изведена и во Лерин соседна Грција, а летоска ќе биде дел од програмата на Фестивалот на античка драма „Стоби“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...