Македонија ја брани ЕУ и Шенген-зоната и мора да и се оддаде почит

Амстердам, 6 февруари 2016 (МИА) - Седум земји-членки на Европската унија, од кои најголемиот дел се и во Шенген-зоната, се очекува и официјално да побараат затворање на македонската граница кон Грција на денешниот состанок во рамки на неформалниот Совет за надворешни работи на Европската унија посветен на западно-балканската мигрантска рута во Амстердам, на кој присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати на оваа рута, меѓу кои и македонскиот министер Никола Попоски.

Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска, Чешка, Полска, Австрија, како што јавува дописникот на МИА од Амстердам се ЕУ-земјите кои бараат фактички исфрлање на Грција од Шенген-зоната и одбрана на границите на Унијата во Македонија. Toa, во изјава за МИА го потврди и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пред почетокот на состанокот што во моментов е во тек во рамки на т.н. „Гимних”-состанок.

- Среќен сум што е тука присутен и министерот за надворешни работи на Македонија. Она што го мислиме во моментов е дека Еворпската унија не може да се одбрани од југот, со оглед на тоа што миграцијата продолжува и има илјадници нерегуларни мигранти што влегуваат на територијата на ЕУ на дневна база од југот. Очигледно е дека во моментов јужната граница на Шенген зоната не се штити и ако Грција не е подготвена, не може да ја заштити Шенген-зоната и не прифаќа никаква помош од ЕУ, тогаш ни е потребна друга линија на одбрана, а тоа очигледно се Македонија и Бугарија. Се надевам дека ќе имаме некаков прогрес, бидејќи веќе фрустрира што сите говорат за потребата од заштита на надворешната граница, а ништо не се случува. Мислам дека тоа мора да го сопреме, дециден е Сијарто.

Според унгарскиот шеф на дипломатијата, Шенген регулативата кажува јасно, а тоа е дека доколку сте на надворешна граница на Шенген-зоната, тогаш обврска на таа земја е да обезбеди границата да биде преминувана само преку официјални гранични премини за време на работни часови. Сијарто нагласува дека Унгарија е во согласност со оваа регулатива, но има некои земји-членки на Шенген што не се во согласност со регулативата. - Се надевам дека Шенген-зоната ќе преживее, бидејќи тоа е во интерес на сите нас, вели Сијарто.

За тоа што ЕУ навистина треба да стори за да и помогне на Македонија во справувањето со бегалската криза, шефот на дипломатијата на Унгарија беше дециден во одговорот, во кој повеќе од десет пати го употреби уставното име на нашата земја, вели дека мора да и се одаде почит

- Веќе и помагаме на Македонија. Мора да и се оддаде почит на Македонија, бидејќи Македонија веќе стори многу за да ја заштити Шенген-зоната и Европската унија, иако Македонија не е е членка на ниту една од овие организации. Мислам дека мора да се почитува се што земјата стори досега. Ние мораме да и помогнеме на Македонија и Унгарија веќе и помага на Македонија, со оглед на тоа што ние испративме најголем број на полицајци досега во Македонија, а би можеле, како да кажам, да помогнеме и со инфраструктурни прашања и ние сме постојано во контакт со вашиот министер за надворешни работи,  истакна Сијарто.

Унгарскиот министер посочи во изјава за МИА дека се надева оти Македонија ќе ја надмине оваа изборна кампања и дека ќе има повторно избрана Влада, како и дека се радува што Унгарија ќе соработуваме и со новата Влада, исто како што соработувале со сегашната, а со цел да и се помогне на Македонија.

- Едностанво, потребна и е на земјата помош во вид на луѓе и инфраструктура и Унгарија досега помагаше и ќе помагаме и во иднина, дециден е Петер Сијарто.

Пред почетокот на состанокот, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, порача дека е доказ оти е потребно европско решение. Хан предупреди дека ако една земја превземе специјални одлуки, тоа може да има домино-ефект.

- Јас сум на чело на ресорот Западен Балкан во ЕУ и секогаш сум јасен дека треба да избегнеме ситуација за нашите кандидатски земји од Западниот Балкан да не станат паркинг-место за бегалците. Тоа треба да го избегнеме и затоа јас сум тука. Се што правиме денеска не е решение, туку посвета на итните потреби, а Шенген е симбол на Европа и не смееме да си дозволиме да пропадне, порача Хан.

Состаноктот на министрите за надворешни рбаоти на земјите-членки на ЕУ со нивните колеги од Македонија, Србија, Турција, Албанија и Црна Гора продолжува и попладне се очекуваат резултати во однсо на тоа каква помош ќе обезбеди Унијата за овие земји во справувањето со бегалската криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...