Наместо палење стрништа по нивите, производство на брикети и пелети

Кочани, 6 февруари 2016 (МИА) - Стрништата наместо да се палат и да го загадуваат воздухот, можат да се рециклираат, односно сламата може да се преработрува во пелети или брикети и да носи и профит. Но на нашите земјоделци им треба квалитетна едукација за да го сфатат штетниот ефект од палењето, а бенефитот од нивното искористување.
 
Тоа го истакнуваат од Здружението на жени земјоделки „Агро Винка“ од Виница кои спроведуваат проект „Добра земјоделска пракса-богат биодиверзитет“ во рамки на кој се одржат 20 трибини со кои треба да бидат опфатени 400 земјоделци од Виница, Кочани,Чешиново Облешево и Зрновци. 
 
- Во рамките на проектот планирана е работа на четири фарми на кои ќе се спроведат различни експерименти во ефикасно искористување на жетвените остатоци. Земјоделците ќе имаат можност и лично да се уверат во благодетите од правилното користење на тие остатоци. Ќе биде посетена фарма во село Пуздерци за лично да се уверат дека може да се искористи сламата, истакнува Олга Стоименовска, раководител на проектот.
Проектот, што почна во ноември лани и ќе трае до март годинава, е подржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија на Швајцарската агенција за развој и соработка а координатор се Фармакем Македонија и Helvetaz Intercooperation.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...