Во Крива Паланка средба на 11 здруженија на бранители

Крива Паланка, 6 февруари 2016 (МИА) -  Здруженија на бранители, припадници на безбедносните сили на Република Македонија кои учествуваа во антитерористичката одбрана на државата во 2001 година чиј домаќин беше Здружението „Бранители на Македонија 2001“, денеска одржаа средба во Крива Паланка.
 
На состанокот беше упатена порака за унапредување на правата на бранителите, остварување бенефиции по одредени основи за членовите на нивните семјества и поголема општествена одговорност од сите чинители кон учесниците во одбраната на државата во воениот конфликт 2001 година, како и на оние од 2015.
 
- Голем дел од учесниците од безбедносниот состав се се уште активни, но добар дел од нив се невработени, со нерешен статус, сите се истрауматизирани, па бараме секој да помогне во рамки на своите можности, поголема општествена одговорност од сите чинители кои предвидуваат пред се решавање на статусот на вработување заради обезбедување основна егзистенција, поддршка при образовниот процес за членовите на нивните семејства и слично. Бараме да бидеме респектирани бидејќи секогаш постои простор за унапредување на нашите планови,- изјави Роберт Јанковски, претседател на „Бранители на Македонија 2001“, Крива Паланка.
 
Присуствуваа 11 здруженија на бранители од земјава,Здруженијата на Арсмиски ветерани од Скопје, „Бранители на Македонија“, Скопје, „Достоинство“, „Бранители 2001“, Куманово, „Воени полициски обврзници“, Скопје, „Независен синдикат на полиција“ и „Бранители на Македонија 2001“, Крива Паланка, кое воедно беше домаќин на настанот кој се одржа под покровителство на градоначалникот на Крива Паланка. 
Средбата претставува обновено здружување по пауза од 5 години, а беше искористена за приближување на ставовите по одредени прашања и формирање заеднички ставови за колективен настап во барањата.
 
- Исклучително е потребно почитување на прашањата поврзани со законски регулирани права на вработените во МВР, бидејќи ова министрество е тоа кое го почитува законскиот начин на исполнување на правата на граѓаните, а тука спаѓа и она што го бараме за подобрување на сите услови и надоместоци за припадниците од полицијата кои се регулирани со колективниот договор од страна на надлежните, изјави Гоце Делчев, претседател на Независен синдикат на полицијата.
Претседателот на Одборот на бранители Ацо Стојановски, истакна дека се уште постојат 64 учесници во конфликтот од 2001, ранети бранители кои не ги оствариле законски загарантираните права додека има и такви кои ги оствариле, но по направениот увид од институциите било утврдено дека е направен превид, па им биле побарани назад финансиските средства.
 
Од одборот информираа дека во конфликтот од 2001 од учествувале околу 800 припадници на безбедносните сили од Крива Паланка, а само 200 од нив добиле уверение дека биле бранители.
 
Своите животи на браникот на татковината во 2001 година ги положија тројца кривопаланчани, Момир Стојановски, Горан Стојаносвки и Јане Јакимовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...