Презентирани реализираните проекти во полошкиот регион

Тетово, 6 февруари 2016 (МИА) - Претседателот на ДУИ Али Ахмети, министри и пратеници од оваа партија, повеќе други функционери од централната и локалната власт како и голем број партиски членови и функционери присуствуваа на вечерашното претставување на реализираните проекти во полошкиот регион што се одржа во Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.

Ахмети во своето излагање побара од партиските членови да не подлегнуваат на дезинформациите што во последно време се шират од повеќе весници, портали и на социјалните мрежи со неоснована критика упатена кон ДУИ. Тој им порачи на политичките опоненти наместо со вакви дезинформации што не доликуваат на 21. век да понудат програма и платформа што ќе придонесе за вистински политички натпревар и ќе придонесе за вистински напредок.

Ахмети ги коментираше и последните случувања околу можна промена на 24 април како датум за предвремените парламентарни избори.

- Ви велам дека 24 април како ден за избори беше дебатиран и разговаран со претставниците на меѓународната заедница, амбасадорите на САД и ЕУ, специјалните олеснувачи и лидерите на четирите најголеми парламентарни партии во земјава и сите го прифативме договорот со кој изборите се закажаа за 24 април. Сега за промена на овој датум сите овие фактори треба повторно да седнат и да разговараат. Да не бидеме како деца. Ние како ДУИ сакаме да воспоставиме култура на почитување на веќе договореното. Според нас не може да не се оди на избори во април и тоа да се презакажува за некој друг месец бидејќи ние не сме на пет минути до 12, туку ние сме на една минута до 12. Во јуни оваа година закажан е самит на НАТО на кој главна тема ќе биде бегалскиот бран како состојба што ја загрозува сигурноста и безбедноста на голем дел од регионот и пошироко. Ако не се реализира веќе договореното ние со тоа придонесуваме кон дестабилизација на земјата, попречување на економскиот развој и инвестициите и безбедноста на граѓаните. Ние како ДУИ ќе им овозможиме на граѓаните на 24 април самите да решат кој ќе биде победник на изборите бидејќи сакаме избори со меѓународни стандарди чиишто резултати ќе бидат признати од сите страни и во земјата и надвор од неа, изјави Ахмети.

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи која зборуваше во името на сите тетовски општини при што таа го посочи завршувањето на водонсабдителниот систем за Тетово во текот на оваа година како еден од најзначајните проекти, изградбата и обновата на повеќе локални и магистрални патишта и слично.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири истакна дека во периодот од 2014 та година досега во Полошко од страна на централната власт за реализирање зафати во сите сфери биле инвестирани околу 200 милиони евра.

Пред присутните зборуваа и шефот на централниот изборен штаб на ДУИ Беким Незири, шефот на изборниот штаб на општина Теарце Агим нухиу и пратеничката од шерстата изборна единица Нора Алити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...