Промовирана стихозбирката „Помеѓу сонот и јавето“

Делчево 7 февруари 2016 (МИА) - Промоција на стихозбирката „Помеѓу сонот и јавето“ на Христина Деолска се одржа синоќа во кафе барот Центар  во Делчево. Поетесата е родена делчевка, која долго време живеела во Дебар, но своето прво објавено литературно дело таа го промовираше во родното Делчево со што се запиша на долгата листа на роднокрајни автори во ова градче.
 
- Книгата има 47 песни кои се инспирирани од животот и се заокружени во една целина. Издавач на книгата е „Дата Песнопој“ од Битола, рече Деолска.
 
Инаку, во рамките на оваа промоција беа  изложени  цртежи во техника енкаустика. - Имам околу 200 вакви цртежи со оваа  малку позната техника кај нас која потекнува од Египет. Овде е изложен помал дел. Тоа е стара техника што  ја цртам со пегла и со мрсни боици. Инаку, јас сум архитект по професија , па уметноста како една нишка ме врза и за поезијата и за сликите, рече Деолска.
 
Промотор на поезијата беше Јасмина Атанасова Симјановска која пред присутните читаше дел од стиховите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...