МОН продолжува со парично стимулирање на учениците кои ќе освојат награда на натпревар

Скопје, 8 февруари 2016 (МИА) - Министерството за образование и наука објави конкурс за парични награди за основци и средношколци и за нивните наставници-ментори за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика и природни науки.

Рокот за аплицирање е до 30 јуни, а условот е на меѓународниот натпревар да учестувуваат најмалку десет држави. За прва освоена награда МОН ќе додели 50 отсто од просечна нето плата во РМ, 40 отсто за втора и 30 отсто за трета награда. Конкурсот се организира втора година, на минатогодишниот им биле доделени на 20 ученици кои освоиле награди на меѓународен натпревар, од кои речиси половина за освоено прво место.

Исто така, МОН и оваа година ќе додели финансиски надомест за освоено прво место на некој од државните ученички натпревари по различни предмети, кои се организирани од здруженија на наставници акредитирани од МОН. Износот е половина просечна нето плата за ученикот и за  наставникот кој го подготвувал. За надоместот тие може да аплицираат до 31 август. Минатата година во оваа категорија (освоени први места на државни натпревари) им бил исплатен надомест на 156 ученици. 

- Министерството и оваа, втора година по ред, продолжува со процесот на стимулација на македонските ученици, во насока на зголемување на нивната компетитивност и, секако, во насока на зголемување на нивните знаења. Значајно е што се повеќе кај децата има желба и, по една година имплементација, прилично сме задоволни и ќе продолжиме и во наредниот период, изјави ресорниот заменик-министер Спиро Ристовски. Тој апелираше до сите учесници на меѓународни и на државни натпревари да аплицираат за паричната поддршка што ја обезбедува Министерството за образование и наука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...