Поповски: Николовски не прави разлика меѓу мониторинг и официјални контроли

Скопје, 8 февруари 2016 (МИА) - Извозот во Европската унија, Кина, Русија, САД,... е доволна потврда дека храната во Македонија е безбедна и дека се спроведени сите законски мерки за нејзина контрола, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски, демантирајќи ги обвинувањата на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за наводно неспроведување.

Според Попоски, точно е дека АХВ од мај до септември минатата година немала склучено договор со Ветеринарниот факултет, Институтот за јавно здравје и Државната фитосанитарна лабораторија за мониторинг, но причина за тоа било, како што нагласи, спроведувањето на меѓународниот тендер, согласно новиот систем за јавни набавки, врз основа на кој се избира кој, која лабораторија, ќе го врши монторингот.

Периодот во кој не се склучени договорите со лабораториите за мониторинг, подвлече Поповски, не влијае врз извршувањето на мониторинг програмите кои, пак, како што истакна, не ја потврдуваат безбедноста на храната, туку се пошироки показатели за анализа на ризик врз основа на која се базираат официјалните контроли.

- Николовски не прави разлика меѓу мониторинг и официјални контроли. Изнесува неосновани обвинувања зашто не ја разбира проблематиката. Официјалните контроли се вршат во текот на целата година, а мониторингот е неофицијална контрола која може да се спроведува во кој било период од годината и не ја потврдува безбедноста на храната, туку е алатка за евентуална анализа на ризик, објасни директорот на АХВ на прес-конференција и уште еднаш потенцира дека безбедноста на храната се потврдува со официјалните контроли.

Поповски ги отфрли тврдењата на Николовски за наводното неспроведување здравствена заштита на животните во посочениот период, од мај до септември 2015 година.

- Бројката на болни од бруцелоза доволно зборува за фактот дека системот за заштита на животни е на многу високо ниво и дава резултати. Од евидентираните 16.000 заболени овци од бруцелоза во 2008 година, бројот е намален на 330 во 2015-та. Бројот на заболени луѓе од бруцелоза, пак, во 2008-ма бил 400, а лани 33, рече Поповски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Поповски рече дека случајот со сточарот од Свети Николско кај чиј добиток, како што беше соопштено на прес-конференцијата на Николовски, е пронајдена бруцелоза, ќе биде детално испитан по што ќе се утврди и одговорноста.

На прес-конференцијата присуствуваше и заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски кој уште еднаш подвлече дека целта на обвинувањата на Николовски е да внесе вознемиреност во јавноста, несигурност кај компаниите и да ги девалвира добрите владини проекти.

- Извозот на живина, млеко и месо на европските пазари, во Кина, Русија, Америка,..., е доволна потврда за капацитетот на АХВ во спроведувањето на сите регулативи и редовните контроли по највисоките стандарди. Целта на техничкиот дополнителен заменик е јасна: во отсуство на идеи, да се плука по институциите, да се девалвира нивната работа и да се внесе вознемиреност кај граѓаните, нагласи Костадиновски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...