Во редовен сообраќај новиот воз на Македонски железници

Скопје, 8 февруари 2016 (МИА) - Македонски железници Транспорт  денеска  пушти во редовен сообраќај нов електромоторен патнички воз, првиот од шесте нови патнички воза што ги набави од кинеската компанија ЦРРЦ. 



Новиот воз сообраќа на линиите Велес-Скопје и Скопје Велес, како и Скопје-Табановце и Табановце - Скопје.

Возот е со капацитет за 200 патници, со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети...Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ.

Од кинеската компанија МЖ набави два електромоторни и четири воза на дизел погон од кои првиот се очекува да пристигне во текот на неделава, потврди директорот на МЖ Транспорт Никола Костов.

Инвестицијата во обновата на возниот парк на Железницата изнесува 25 милиони евра, обезбеди преку Европската банка за обнова и развој. Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра. Со новите шест воза ќе бидат покриени околу 60 проценти  од линиите во патничкиот сообраќај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...