Обвинетите за настаните во кумановска Дива населба пред суд

Скопје, 9 февруари 2016 (МИА) - На почетокот на судскиот процес против обвинетите за тероризам, кои како вооружена група дејствувале против македонската полиција во март минатата година во Дива населба во Куманово, одбраната побара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство.



Судот не го прифати барањето на адвокатите со образложение дека Специјалното обвинителство досега не доставило барање за преземање на овој случај.

На денешното рочиште што се одржува во просториите на Врховниот суд,  29-те обвинети треба да се изјаснат дали се чувствуваат виновни за делата „тероризам“ и „терористичко организирање“.

Образложувајќи го обвинителниот акт, јавниот обвинител Наум Пановски рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица Гошинце.

Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.

Според Обвинителството, структурата на вооружената група била составена од три нивоа. Првото ниво било командната структура во која најголем дел се државјани на Косово, второто ниво била логистиката која обезбедувала помош и засолниште за учесниците во нападот и најголем дел од нив биле од Македонија, додека во  третото ниво биле извршителите, кои биле од Косово.

Пред да започне судскиот процес беа преземени засилени безбедносни мерки во и околу судот, како и на локалните сообраќајници, а за време на доведувањето на обвинетите местото го надлетуваа полициски хеликоптери.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...