Вкупно 1.005 осигуреници од Куманово, Липково и Старо Нагоричане ги подигнале здравствените електронски картички

Куманово,9 февруари 2016 (МИА) - Вкупно 1.005 осигуреници од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане до денеска ги подигнале здравствените електронски картички од подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување, информира раководителот на подрачната служба на ФЗОМ Куманово, Ридван Асани.
 
Тој информира дека дневно, во просториите на институцијата, поминуваат помеѓу 120 до 130 лица кои ги подигаат електронските здравствени картички за кои претходно  поднеле барање.
 
- На 25 јануари годинава до подрачната служба од Фондот за здравствено осигурување,доставени се  5.772 елктронски здравствени картички, изјави Асани.
 
Тој апелираше до осигурениците навреме да си ги подигнат здравствените картички и појасни дека со здравствената картичка, осигурениците добиваат пин за понатамошна заштита и употреба кој се активира при посетата на матичните лекари.
 
Фондот претходно направил измени и во правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување.
 
- Децата до тригодишна возраст немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи  правата од здравствено осигурување ќе ги реализираат преку еден од родителите, изјави Асани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...