Подготвени сме да се справиме со илегалните премини

Скопје, 9 февруари 2016 (МИА) - Од поставување на првата ограда Армијата има спречено 19.000, а полицијата 14.000 илегални премини, затоа сега пристапуваме кон втората фаза од поставување заштитна ограда, која има за цел дополнително да ги спречи илегалните минувања и премини на нашата државна граница, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој денеска ја посети јужната гранична линија и подрачјето зафатено со криза.

Тоа укажува, рече претседателот Иванов, дека со пропуштањето само на бегалците од Сирија, Авганистан и од Ирак, илегалната миграција на економските мигранти се зголемува и тие бараат на секој начин да ја заобиколат регистрацијата и илегално да ја преминат нашата граница.

Како што соопшти кабинетот на Иванов, со цел да се спречат илегалните минувања со фалсификувани документи претседателот Иванов најавил дека се прават напори за единствен биометриски регистрациски лист за мигрантите, кој ќе се издава на границата со Грција со намера да транзитираат до крајната дестинација.

- Досега полицијата има откриено 5.500 фалсификувани документи.  Дневно понекогаш се откриваат и до стотина такви лажни документи, пред се пасоши, меѓу нив има и документи издадени од Фронтекс, лични карти, кои економските мигранти од Африка и од Азија ги користат за да се пријават како бегалци, изјави претседателот Иванов.

Македонскиот претседател појасни дека мора да се прави разлика меѓу безбедносниот и хуманитарниот аспект на кризата.

Република Македонија, порача Иванов, е благодарна на сите земји, организации, невладини институции, кои помагаат од хуманитарниот аспект, но со цел справување со безбедносните ризици на Македонија и е потребна поголема помош.

- Досега целиот безбедносен аспект на кризата е на наш товар и  имаме ветувања кои се уште не се исполнети. Ги користиме нашите буџетски средства, средствата на Армијата и на полицијата, потенцира Иванов, додавајќи дека е неопходна помош од возила за патролирање, термални камери и друга опрема за поефикасно справување со мигрантската криза.

Иванов се заблагодари за присуството на полициските сили на шесте пријателски земји  на македонско - грчката граница и изразил очекување за нивна поддршка и присуство и во иднина.

Македонскиот претседател, се додава во соопштението, вели дека Република Македонија е подготвена за сите предизвици и изрази очекување дека одлуките на ЕУ ќе бидат посоодветни на временските околности и на ново настанатите состојби.

- Сите најави се дека со топлото време ќе дојдат и поголеми бранови мигранти и затоа ние мора да бидеме подготвени да се справуваме, пред се во регулирање на илегалните премини,  и тие што имаат право на премин - бегалците, хумано да влезат и да дојдат до посакуваната дестинација, рече Иванов.

Претседателот Иванов, стои во соопштението, денеска беше информиран за севкупната состојба на македонско - грчката граница, како и за активностите кои ги врши АРМ и полициските сили за регистрација на мигрантите и заштита на граничната линија од илегални премини.

Како што стои во соопштението од кабинетот, на Самитот во Лондон посветен на Сирија и регионот, претседателот Иванов ги информирал европските лидери за мерките кои Македонија ги презема за справување со бегалската криза, за заканата од илегална миграција и зголемите безбедносни ризици долж мигрантскиот коридор. 

Претседателот Иванов, информираат од неговиот кабинет, викендов ќе учествува на безбедносната конференција во Минхен, а веднаш потоа ќе замине во Прага, каде Македонија е специјално поканета да учествува на вонредниот самит на земјите од „Вишеградската Група“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...