Финансиска едукација за учениците од прво одделение во „Вудроу Вилсон“

Тетово, 10 февруари 2016 (МИА) - Училиштето „Вудроу Вилсон“ прв пат во Македонија ќе воведе финасиска едукација за учениците од прво одделение. За таа намена ќе одвои кадар, опрема и простории за учениците, а Народната банка на Република Македонија и „Афлатун“ совети, обуки и материјали.

Тоа го овозможува денеска потпишаниот  Меморандум за соработка со кој Народната банка на Република Македонија и „Афлатун“ се согласија во  училиштето „Вудроу Вилсон“ да воведат пилот-програма за социјална и финансиска едукација од 1. одделение. Меморандумот беше поптишан во присуство на гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и директорот на Одборот на Училиштето Елита Маша.

Целта на воведувањето на социјалната и финансиската едукација преку „Афлатун“ е да се зајакнат вештините и потенцијалот кај децата од рана возраст за подобрување на светот, преку нивното финансиско описменување.

Во иднина, се планира резултатите од Проектот да се презентираат пред Бирото за развој на образованието и другите училишта во земјата, со цел да се зголемат влијанието и интересот за воведување на оваа програма и во другите училишта низ Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто Трпе има дупче на фрижидерот?
- За да провери дали му се гаси сијаличката кога ќе ја затвори вратата.

* * *
Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
- Сине, кажи...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1135.- Роден е еврејскиот филозоф, лекар,...
1746.- Во Фуентетодос, Арагонија, е роден...
1842.- Американскиот лекар Крофорд Лонг прв при...
1844.- Во Метз е роден Пол Верлен, француски...