Се чистат земјените канали и вади за наводнување во Кочанско

Кочани, 10 февруари 2016 (МИА) - Водостопанство „Брегалница“ од Кочани започна со чистењето на земјените канали и вади за наводнување кои се дел од Хидросистемот  „Брегалница“.
 
- За почеток се вклучени две машини од кои едната е во атарот на Оризари, а втората во Чешиново. Во наредните денови ќе се пристапи кон чистење и на земјените канали и вади во Прибачевско,Чифличко и Облешевско,изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.
 
Ангажирањето на механизацијата е одговор на барањата на градоначалниците од регионот, навреме да се исчистат каналите и вадите пред почетокот на наводнителната сезона која е закажана за 15 април.
 
Годинава под ориз во државата ќе бидат насеани 5.000 хектари, што е за 700 ха повеќе во споредба од минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...