Судскиот совет исклучува можност за негово влијание врз судовите

Скопје, 10 февруари 2016 (МИА) - Во врска со зачестените критики дека Судскиот совет на Република Македонија и неговиот претседател влијаат на работата на судиите и претседателите на судовите, од Судскиот совет во денешното соопштение апелираат да не се создава неоснована недоверба за судскиот систем со недобронамерни коментари и неосновани напади.    

- Советот постапува во рамките на надлежноста утврдена со Уставот и законите и е орган кој ја гарантира независноста и самостојноста на Судската власт во Република Македонија, се вели во соопштението.

Оттаму посочуваат дека е исклучена секаква законска можност за било какво влијание на Советот врз работата на судовите, вклучително и врз работата на нивните претседатели.

- Советот е овластен да ја следи и цени работата на судиите и на претседателите на судовите. Истиот не влијае во делот на организацијата на работата на претседателите на судовите. Внатрешната организација и работата на судовите е во целосна надлежност на претседателот на судот, согласно Законот и Судскиот деловник, се наведува во соопштението.

Според Советот, со ваквите напади директно се нарушува угледот и интегритетот на судиите како носители на судската власт и се поткопуваат темелите на судската власт, што е неодржливо не само од аспект на судството, туку и на општеството во целина.

- Советот како гарант на судската независност, смета дека за остварување на истата е неопходно судиите да продолжат со својата работа, ослободени од било какви притисоци и влијанија, со доследно почитување и примена на законите во правораздавањето, стои во соопштението од Судскиот совет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...