Средба на Груевски со чешкиот министер за надворешни работи Заоралек

Скопје, 10 февруаи 2016 (МИА) - Актуелните политички случувања во Република Македонија, исполнувањето на стратешките определби поврзани со интегративните процеси, како и можноста за унапредување на соработката помеѓу двете држави беа тема на разговор на денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата, ја афирмираше определбата за организирање фер, слободни и демократски избори, во согласност со утврдените рокови прецизирани со изборниот законик.

- Груевски истакна дека врвен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да поминат мирно и во демократска атмосфера и дека тие се клучни во надминување на наметната политичка криза. Се заблагодари за поддршката од Чешката Република во поглед на остварувањето на евроатланските интегративни процеси на државата, посочувајќи дека тие ќе продолжат да бидат врвна стратешка определба, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за надворешни работи на Чешката Република Заоралек ја истакна важноста од поскоро одржување на изборите како начин за премостување на политичката криза.

Тој посочи дека на Република Македонија, но и на европските партнери им е потребна стабилна влада која ќе може да се соочи со глобалниот предизвик на мигрантската криза, како и продолжување на процесите важни за Република Македонија. Истакна дека за продолжување на економскиот развој и на започнатиот прогрес во оваа сфера клучно е воспоставување на стабилна влада, која треба да се добие на избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...