Украдени знаците што ја регулираат пловидбата на Охридското Езеро

Охрид, 11 февруари 2016 (МИА) – Триесеттина знаци за езерска пловидба што беа неодамна поставени за регулирање на сообраќајот на Охридското Езеро, се украдени од страна на непознат сторител/ли.

Според информациите од Капетанијата на пристаништа во Охрид, станува збор за алуминиумски знаци поставени долж македонската страна на крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од Радожда до Љубаништа, чија вкупна вредност изнесува неколку илјади евра.

Бидејќи знаците не можат да бидат употребени на друг начин освен како секундарна суровина, надлежните служби апелираат до откупувачите на метал да се пријави евентуалниот обид знаците да бидат продадени како стар алуминиум.

Инаку, Капетанијата на пристаништа на РМ најавува дека знаците повторно ќе бидат поставени на соодветните места, оттаму што станува збор за безбедноста на пловидбата на Охридското Езеро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...