Димовски со осуда за вербалните напади од пратениците на СДСМ

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната прес-конференција ги осуди вербалните напади и закани од страна на пратениците на СДСМ кои, како што рече, биле направени во текот на вчерашниот ден.

- Дел од нив се гледаат на снимките кои што ги гледаме на некои интернет портали, дел од тие вербални напади и закани се случуваа во ходниците и тоа најчесто од мажи пратеници од СДСМ кон жени пратенички од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа говори за нивното ниво, тоа говори за состојбата во која што сами се доведоа и говори за недостатокот на аргументи и недостатокот на совест при вршење на работата пратеник, вели Димовски.

Тој објасни дека Деловникот за работа на Собранието на РМ дава право на секое работно тело да донесе правен акт, а правниот акт кој што е донесен од страна на Комисијата за образование, наука и спорт е во целосна согласност со овој Деловник.

- Колегите од СДСМ и на комисија и на координација и во билатерални средби, дел од нив и овде пристуни, јасно и гласно ми дадоа до знаење дека нивната цел не е ниту да се подобри законот, ниту да се дебатира за суштината на амандманите, ниту да се разговара за потребата од формирање на нов државен универзитет за национална безбедност, одбрана и мир. Нивната цел е јасна. Прво сакаат да го блокираат донесувањето на законот и второ, за жал, очигледно сакаат да предизвикаат инциденти во ова Собрание, рече Димовски.

Основната улога, основна функција и основна причина зошто постои ова Собрание и кое било друго Собрание во која било друга држава, како што додаде, е да носи одлуки.

- Собранието врз основа на Деловникот, врз основа на процедурите има обврска да носи одлуки. 30 пратеници на СДСМ им го одземаат правото на другите 90 пратеници да носат одлуки, тоа е кршење на принципите на демократијата, тоа е дрскост и тоа е причина повеќе зошто ова Собрание ден поскоро треба да биде распуштено, истакна Димовски.

Според него, СДСМ секогаш пред избори го прави истото. - Го правеа и со Буџет, го правеа и со други закони и во 2007 година и во 2011 година и во 2014 година, но ние сме навикнати на нивното сценарио. Во очите им се гледа безизлезот и нервозата, се надеваме дека, сепак, разумот ќе преовлада, истакна тој.

Овој обид за внесување на хаос во Собранието, како што нагласи, не е ниту за Буџет, ниту за заем, ниту за кредит, ниту за политичка одлука дали ќе дадеме субвенции за една или друга категорија на граѓани. - Оваа блокада е верувале или не, за формирање нов државен универзитет за национална безбедност и тоа во вакви клучни времиња во кој што Република Македонија и пред себе и за себе, но и пред многу други држави на Европа има обврска да гарантира и своја безбедност и поширока безбедност. Очигледно колегите од СДСМ се спремни да го жртвуваат и тоа, додаде Димовски.

Појасни дека Република Македонија има потреба од ваков универзитет во насока на подобрување на кадровските капацитети на Армијата на Република Македонија и на сите безбедносни служби. Затоа за нас е комплетно нелогично и необјасниво блокирањето токму на овој закон.

Според Деловник, како што појасни, комисијата има право да донесе ваква одлука. - Над 90 пратеници имаат право да носат одлуки и 30 пратеници не смеат по ниту еден демократски принцип да го одземаат тоа право на Собранието за носење одлуки, истакна координатотот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...