Обвинетите за Дива населба тврдат дека не се виновни

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - На денешното рочиште за судскиот процес за Дива населба, Руфки Догани кој е меѓу 29-те обвинети за делата „тероризам“ и „терористичко организирање“ изјави дека водачите на вооружената група која се судри со полицијата во кумановската „Дива населба“, Мирсад Н’дрецај и Бег Ризај и уште двајца од членовите, биле убиени откако се предале во полициска станица.



Обвинетиот Насуф Зекири во воведниот збор пред судот побара овој случај да се расветли од страна на Европејците и Американците.

- Ние не дојдовме во Куманово да војуваме, рече Зекири и додаде дека Ризај и Н’дрецај им рекле дека во Куманово ќе бидат фигури и ако дојде полицијата нема да ги нападнат, туку само ќе пукаат во воздух.

Според него, обвинетите се употребени за политички цели. - Вие ќе не осудите, но нема да ја признаеме вината. Не сме ни први ни последни што се во политички монтирани процеси. Сите сме употребени за политички цели и никогаш нема да признаеме, вели Зекири.

На денешното судско рочиште адвокатите на обвинетите, за логистичката поддршка на групата тврдеа дека нивните клиенти не се поврзани со групата и оти не им обезбедувале сместување на членовите на групата.

Адвокатите на речиси сите обвинети кои даваа исказ на денешното рочиште  посочија дека судирот во Куманово немал никакви елементи на тероризам.

Одбраната пред два дена, на почетокот на судскиот процес побара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...