Анѓеловски: Предлогот за одложување на примената на Законот за безбедност во сообраќајот не е утврден од Владата

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за безбедност во сообраќајот поднесен од страна на министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски на 18 јануари до Владата, вчера на владина седница не бил утврден, соопшти на денешниот брифинг портпаролот на МВР Тони Анѓеловски.

Анѓеловски појасни дека по повеќе средби со претставници на автошколите, министерот Спасовски со измените и дополнувањата на законот побарал одлагање на неговата примена за една година.

Инаку, Законот за безбедност на сообраќајот е донесен во септември 2015 година, како дел од усогласувањето на законодавството на РМ, со европското законодавство. Согласно законот, автошколите имаат обврска да инсталираат видео-камери во возилата со кои ќе бидат регистрирани часовите за обука кои ги возат клиентите кои полагаат, но и самите полагања за возачкиот испит. Автошколите имаат обврска и да ги чуваат снимените материјали, а за тоа пак мораат да направат и соодветен софтвер и да имаа опрема за чување.

- Тоа се сериозни финансиски импликации за автошколите, што најверојатно ќе доведе и до покачување на обуката и полагањето односно на целиот процес, изјави портпаролот на МВР Тони Анѓеловски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...