ГРОМ ќе поднесе претставка до Советот на јавни обвинители за Специјалното обвинителство

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - Генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски најави дека до Советот на јавни обвинители ќе испрати претставка затоа што Специјалното јавно обвинителство отфрлило негова пријава што ја поднел за нарушена приватност против СДСМ и оти за тоа добил известување, а не решение.

Известувањето што било испратено до него, посочи Цветковски, е непознат правен акт во нашиот Закон за кривична постапка.

Пријавата, како што изјави Цветковски, првин била отфрлена од кумановското Основно јавно обвинителство, а со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, овој предмет бил префрлен во надлежност на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која, како што рече, оваа пријава ја отфрлила, со напомена до тужителот да гони по приватна тужба. 

- Во кој правен поредок и кое обвинителство на поднесена кривична пријава се одговара со известување, а не со решение? Згора на се, во ова известување немате правна поука, и ми го скратувате со Устав гарантираното право на жалба, со што покажувате основно непознавање на законите. Ова е еклатантен доказ за двојството во пракса на кое укажуваше ГРОМ како политичка партија во изминатиот период, рече Цветкопвски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...