Заменик-министерот Пренџов во посета на Велес

Скопје, 11 февруари 2016 (МИА) - Заменик-министер за локална самоуправа, Љупчо Пренџов денеска ја посети општина Велес, при што на состанокот со градоначалникот Славчо Чадиев, разговараше за подготвеноста на општината да аплицира со свои проекти за користење на средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка.

Пренџов информираше дека Министерството за локална самоуправа е задоволно од реализацијата на средствата во рамки на ИПА Програмата на  Европската Унија за прекугранична соработка и ќе настојува во новиот програмски период да достигне ниво од над 95 проценти.

- Во текот на првиот програмски период се создадени институционални капацитети, има реализиорано многу проекти од страна на општините, граѓанскиот сектор и од другите субјекти. Ова искуство и знаење ќе придонесе за максимална апсорпција на расположливите средства од Европската Унија, рече Пренџов, соопшти денеска Министерството за локална самоуправа.

Градоначалникот Чадиев истакнал дека општина Велес заедно со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион имаат подготвено проекти и на актуелниот јавен повик планираат да достават три апликации. Тој, стои во соопштението, ја нагласил подготвеноста на општината, како и воопшто на планскиот регион за реализација на проекти кои што се финансираат од различни извори.

Заменикот министер Пренџов остварил средба и со раководителот на Центарот за развој на планскиот регион, Марко Колев, на која подвлекол дека Советот за рамномерен регионален развој вчера ги има утврдено проектите кои што ќе бидат финансирани од програмите за регионален развој. Ќе бидат финансирани 28 проекти од сите осум плански региони.

- Најголемиот број на проекти се инфраструктурни, а еден дел се подготвена техничка документација за поголеми проекти со кои дополнително ќе се аплицира со можност да се обезбедат средства и од други извори, рече Пренџов, соопшти Министерството за локална самоуправа. Тој ја истакнал успешноста на Вардарскиот плански регион во реализацијата и на други проекти, како што е Бизнис центарот и Мрежата за инклузивен развој.

Раководителот на Центарот, Колев, стои во соопштението, рече дека Вардарскиот плански регион аплицирал со пет проекти за развој на планскиот регион во вредност од 40 милиони денари. Исто така, подготвуваат и проект за прекугранична соработка со Грција. Овој плански регион е првиот во кој беше воспоставена Мрежа за инклузивен развој, како и Бизнис центарот кој што располага со Е-Водич за инвеститори и со Збирка на индустриски зони, а веќе реализира и активности за поддршка на малите и средни претпријатија.

Заменикот министерот Пренџов најавил дека многу брзо ќе бидат објавени уште два јавни повика, за развој на селата и за развој на подрачјата со специфични развони потреби на кои можат да аплицираат општините.

Тој информирал дека Министерството за локална самоуправа, покрај средствата за рамномерен регионален развој,  како надлежно за спроведување на ИПА Програмата за прегугранична соработка, во вториот програмски период до 2020 година  ќе менаџира и со околу сто милиони евра, средства од Европската Унија и национално кофинансирање, наменети за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, Албанија, Грција и со Косово, а во фаза на подготовка е и Програмата за прекугранична соработка со Србија.

Првиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Македонија за периодот 2014-2020 е објавен на  7 декември 2015 и ќе биде отворен до 15 март. Во рамки на овој повик, се наведува во соопштението, на располагање стојат 20,5 милиони евра за финансирање на проекти од двете страни, а за целиот програмски период вкупно 45,5 милиони евра. Проектите треба да се однесуваат на една од четирите области- Промовирање на вработеноста, мобилност на работната сила, социјално и културно вклучување во прекуграничната област, заштита на животната средина и промоција на прилагодувањето, намалувањето, спречувањето и управувањето со ризиците од климатските промени, промовирање на одржлив транспорт и подобрување на патната инфраструктура, како и поттикнување на туризмот и културното и природно наследство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...