Патници го демантираат возачот на превртениот бугарски автобус

Скопје,12 февруари 2016 (МИА) - Повредените патници во бугарскиот автобус којшто на 2-ри овој месец имаше сообраќајна несреќа помеѓу Ранковце и Крива Паланка го демантираат возачот кој тврдеше дека причина за несреќата бил камион кој навлегол во спротивната лента.



Стефан Стефанов, еден од наставниците кои се превезуваа во автобусот, за бугарската телевизија „Нова“ изјавил дека камион немало и оти возачот возел со над 70 километри на час.

- Камион немаше. Ако имаше, би требало да ги видам светлата, рекол Стефанов, кој бил буден во моментот на несреќата.

Според него, брзината со која возел возачот не одговарала на условите на патот бидејќи имало дупки на коловозот.

Неговото тврдење го поддржува и Дијана Станчева, која исто така била вопревртениот автобус. - Седев на третото седиште и не видов камион, изјавила Станчева.

Пред една недела, возачот на автобусот Љубомир Лазаров од дупничкото село Слатино тврдеше дека причина за несреќата бил камион што навлегол во спротивна лента.

- Тоа е тесен пат. Забележав камион како доаѓа директно во мојата страна. Имав чувство дека се разминувам со него на растојание од една педа. Инстинктивно свртев десно. Во тој момент задната страна на автобусот пропадна во ендек. Се обидов повторно да го вратам на лентата, но автобусот тргна надолу, раскажува Лазаров.

Од фирмата на превозникот тврдеа дека возачот одмарал 48 часа пред патувањето кон Македонија. Автобусот бил произведен во 1998 година. 

Во несреќата од вкупно 43 патници беа повредени 26, а од нив пет потешко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...