„Титаник“ прв случај на СЈО, побаран притвор за осум лица

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителството (СЈО) отвори истражна постапка е „Титаник“, а се однесува на десетина дела поврзани со изборите, соопшти денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата во СЈО посочи дека е отворена истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. Наведе дека министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, како и други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.

Предметот и основаните соменија врз одредена група луѓе, чиј идентитет не го откри на прес-конфернецијата е оформен по преземени огромен број истражни дејства врз основа огромен број индиции и сигурни докази. Делата за кои се сомничат според законодавецот се кривични и за нив се добива затворска казна од три години.

Фетаи наведе дека дека „во 2012 година осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на Владата, сите членови на ИК на партија заедно со други засега непознати лица искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власта на партијата и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта создале група која има цел вршење кривични дела против изборите и гласањето, аза кои кривични дела може да се изреча затворска казна од три години или потешка“. На истата група по создавањето подоцна припадници станале  другите осомничени лица, сведоци и други засега за истрагата непознати лица на начин што дел од осомничените и другите засега за истрагата непознати лица заради повреда на изборите на политичката партија сочиниле план на противзаконит начин им овозможат на повеќе лица да користат избирачко право кој дејствија според планот би се реализирале преку вработените во МВР и преку лица кои директно ќе врбуваат и носат лица од странство со конечна реализација на планот преку одделот за информатика и телекомуникации во МВР. Преку насилство и други противправни дејства во текот на изборната кампања и изборните денови да влијаат на начинот како да се врши избирачкото право и да спречуваат избирачко право, да нудат, даваат и ветуваат подарок или друга корист со намера да ги придобијат како да го вршат избирачкото право и на крај да користат незаконски средства за финансирање на изборната кампања, рече Фетаи.

Според неа, се работи за целосна криминализација на изборниот процес. - Со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по ниту еден основ не смеат да бидат во тој список. Некои лица  се фотографирани во еден град, лична карта добиле во друг град, односно во општина Центар. Се разбира и во избирачкиот список се таму и гласаат. Определени се 15.000 нови матични броеви, кои не се на новороденчиња. Има 35.000 изготвени лични карти кои не се подигнати од барателите и никој не знае зошто тие лични карти стојат во МВР. Има над 60.000 нови македонски државјани, рече Фетаи. 

Во МВР, како што рече, била ангажирана целокупната човечка и техничка инфраструктура за да се состави избирачкиот список.  Во целиот процес имале удел полициските службеници и командири на полициски станиции, како и нотари кои заверувале договори за закуп без никаков правен основ. 

За улогата на дијаспората и на конзуларните претставништва, Фетаи истакна дека ќе се отвори посебен предмет. Како што додаде на прес-конференцијата ова не било единствениот начин на кој се влијаело на изборниот процес. Применувани се други методи, како насилства, поткупи, злоупотреба на државни капацитети за партиски цели, злоупотреба на медиумите, на јавните фондови и незаконско финансирање на изборната кампања.

СЈО денеска предложила мерка притвор против осум лица. Едно лице веќе е изведено пред судија, а за останатите се води постапка.

Специјалното јавно обвинителство, како што соопштија на прес-конфернеција, отвори истрага и против членови на општинска изборна комисија во Чаир, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело изборна измама, со оглед дека во записниците од извршеното гласање за градоначалник на општина Чаир во 2013 година извршиле преправање на резултатите. Против едно лице од комисијата исто така е поднесен предлог за определуваање мерка притвор поради опасност од влијание врз сведоците и соучесниците.

Отворена е истрага и против пет судии на Управниот суд во Скопје и четири членови на Државната изборна комисија од 2013 година за кривично дело - злоупотреба на службена положба и овластување.

Фетаи посочи дека истрагите ќе се прошируваат и оти нема да биде поштеден никој кој дејствувал на криминален начин.

Како што посочи јавната обвинителка Ленче Ристоска, СЈО располага со материјални и со вербални докази кои ја потврдуваат основаноста на сомнението и во таа насока се ставени на судот на увид. За конкретниот предмет, рече дека снимките од прислушуваните разговори не се дадени. Очекуваат судот да постапи согласно законот и врз основа на доказите веруваат во независнот и професионално постапување на судот.

Ристоска рече дека соработката со инситуциите оди тешко и оти последица на тоа е одолговлекување на одредени предистражни постапки.

СЈО, како што соопшти, започна предистражни постапки за предметот Маѓар Телеком кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за што е изготвено писмо со барање за достава. За случајот „Пуч“ рече дека е завршен увидот, побарани се копии од судот и оти откако ќе им ги достави судот ќе се пристапи кон подготвка за главната расправа. За случајот „Монструм“ рече дека иако од страна на одбраната беше побарано, од СЈО не е упатено барање да им биде доставен предметот. Се уште нема формални барања и за предметот лични карти.

За предадените материјали од прислушуваните материјали од СДСМ, Ристоска информира дека станува збор за обемен материјал дека се врши попис кој ќе трае колку колку што е потребно и оти за констатираната состојба ќе биде изготвен и статистички преглед кој ќе биде дел од извештајот доставен до Собранието. Се оградија од изјавите на сите политички фактори во државата кои сакат работата на ова обвинителство да ја интерпретираат за свои партиски цели. 

Специјалната јавна обвинтелка Катица Јанева на прес-конфернеција истакна СЈО дојде до конректни резултати и оти правдата ќе победи, наспроти тешкотиите и заканите што доаѓаат од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против неа и нејзините соработници.

Таа додаде дека за да може СЈО поуспешно и на време да ги изврши поствените задачи неопходно е по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО и судските процеси пред редовните судови да се предадат на СЈО без отпор и одолговлекување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...