Сертификати за 13 учесници од Куманово во проектот „Здобивање со професионални вештини“

Куманово,12 февруари 2016 (МИА) - Тринаесет учесници од Куманово денеска добија сертификати за успешно завршена обука од твининг проектот поддржан од ЕУ, „Здобивање со професионални вештини“, имплементиран од Центарот за вработување Куманово.
 
Младите кои ја поминаа обуката веќе се вработени во компании на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане како заварувачи, фризери, молери, фасадери, чевлари и реставратор. Учесниците во пилот мерката следеле петмесечна обука и успешно ги положиле испитите за овие занимања кои се барани на пазарот на трудот на подрачјето на двете општини.
 
- Проектот има за цел да се намали невработеноста кај младите и тие да се стекнат со одредени вештини и знаења потребни на пазарот на трудот.Претходно извршивме селекција од кои 13 кандидати завршија обука за дефицитарни кадри, изјави Милорад Тренчевски, раководител на Центарот за вработување Куманово.
 
Аксел Бургер, постојан твининг советник, објасни дека проектот „Поддршка на Агенцијата за вработување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“,покрај тоа што нуди поддршка на Агенцијата, нуди и непосредна поддршка на четири региони на државата, при што е предвидено финансии од по 10.000 евра за секој од регионите за спроведување на ваков проект. 
 
- Целта е да се вработат невработените и како што видовме денеска за сите 13 лица е најдено вработување. Дел од нив  првпат се вклучени во мерка со која се поддржува нивната надоградба за потенцијално вработување, изјави Бургер.
 
Ашмет Јашаровски, од Центарот за ромска заедница „Дром“,вклучена како провајдер во проектот, изјави дека  учеството во овој проект е мошне значајно и ги мотивира да ја продлабочат соработката како граѓанска организација со државни и локлани институции и бизнис заедницата.
 
- Кандидате полагаа и стекнаа дипломи,така што проектот успешно заврши,особено значајно е што е постигнат договор со фирмите лицата да се вработат, изјави Јашаровски.
 
Партнери во овој проект се Германија и Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...