ФЗОМ: Граѓаните да си ги подигнат електронските здравствени картички

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички (ЕЗК) во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките.

Од ФЗОМ ги повикуваат граѓаните да си ги подигнат картичките во подрачните служби, при што можат веднаш да направат и нивното активирање или тоа да го направат кај својот матичен лекар. При првата употреба на електронската здравствена картичка кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и нејзина заштита.

Подигнувањето на езк се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ. Сите потребни информации за електронските здравствени картички граѓаните може да ги добијат во подрачните служби на Фондот или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 – 16:30 часот секој работен ден. Дополнително може да се информираат и на маил адресите info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mk и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...