Со света литургија одбележан празникот „Три Светители“ во Прилеп

Прилеп, 12 февруари 2016 (МИА) - Со свечена литургија во црквата Свето Благовештение во Прилеп, денеска беше одбележан празникот „Свети Три Светители“ посветен на тројцата големи светители: Свети Василиј Велики, Свети Јован Златоуст и Свети Григориј Богослов. Се прославуваше и Денот на бакалите во Прилеп.
 
Со свечената литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски г.г. Стефан во сослужение со владиците Петар и Климент.
 
Домаќин на прославата на Денот на бакалите беше градоначалникот Марјан Ристески, кој, како што рече, потекнува од бакалско семејство и се чувствува многу горд што се продолжува една голема традиција.
 
- Се чувствувам многу гордо што сум домаќин на овој голем празник за градот Прилеп, посебно за бакалите, кои се значаен дел од локалната економија. На сите прилепчани и на бакалите им посакувам здравје, среќа и да имаат многу повеќе успех и работа во оваа 2016 година, рече Ристески.
 
Идниот домаќин на прославата на оваа децениска традиција во Прилеп, прилепчанецот Емил Шопески, член на прилепската заедница на бакалите, архаично име за трговците, смета дека овој празник во Прилеп и во црквите достојно се прославува.
 
- Нека е честит овој голем празник „Свети Три Светители“ и ми е особена чест што можам да бидам кум идната година“, рече Шопески.
 
За владиката Петар најважно е што овој празник најторжествено и најсвечено се празнува во Прилеп од бакалскиот еснаф.
 
- Еснафот на бакалите празникот го прославуваат со присуство на Боженствената Литургија и со големо присуство на народот во божјиот храм, истакна владиката Петар.
 
Денот на бакалите во Прилеп, на празникот „Три Светители“ се прославува повеќе од четири децении.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...