Собранието расправа за Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика за 2016

Скопје, 12 февруари 2016 (МИА) - Собранието на Република Македонија во рамки на 91.седница расправа за Предлог- финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година. 

Пратениците од опозицијата сметаат дека е неоправдан ваквиот финансиски план затоа што, како што рекоа, Регулаторната комисија за енергетика не успеа да изгради свој капацитет и авторитет. 

- Поважни се интересите на енергетските капацитети, компании, а помалку интересите на граѓаните. Граѓаните плаќаат за 70 отсто повисоки цени за елктрична енергија, рекоа пратениците од опозицијата. Според нив, Регулаторната комисија мора да се грижи и да ги штити правата на граѓаните, а не да работи во интерес на монополите. 

Марјанчо Николов од СДСМ рече дека последните десет години во Македонија не е изграден нити еден енергетски објект, а пари, како што рече, се трошат на споменици, фасади, мостови...

Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека ќе го поддржат финансискиот план. Според нив, ваквите говори на пратениците од опозицијата се чист популизам пред избори.

- Република Македонија има најниска цена на електрична енергија во регионот, а евтина дневна тарифа не може да се најде во ниту една друга држава. Се субвенционираат само оние лица кои се во категоријата на социјални случаи, сметаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. 

Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е потребно сите да размислуваат за енергетската ефикасност и за заштеда на електрична енергија затоа што, како што рече, изминатиот период кај нас електричната енергија се трошеше за се и сешто и како што не треба. 

- Во термоелектраните само од 30 до 33 проценти од произведената топлинска енергија се претвора во електрична, рече Деспотовски. 

Пратениците на почетокот на денешната седница усвоија 17 закони, предложени од Владата да се разгледуваат по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за 15 часот и 30 минути ја најави 93. седница. По нејзино завршување, пратениците ќе продолжат со 91. седница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...