Заев: Нема услови за избори на 24 април

Скопје, 22 февруари 2016 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оцени дека нема услови за фер и демократски избори на 24 април, што, како што рече, директно е потврдено и од меѓународната заедница.


 - Во Македонија нема  услови за фер и демократски услови на 24 април. Тоа што постојано го говоревме директно е потврдено од меѓународната заедница, Европската унија и САД. Нема услови за регуларни, кредибилни избори затоа  што не е прочистен Избирачкиот список и не се спроведени реформите за слободни  медиуми, изјави Заев.



Според Заев, ВМРО-ДПМНЕ вчера „избегале од објективна оценка и од соочување со вистината“, а лидерот на партијата ги направил изборите на 24 април невозможни.

- Фер избори на 24 април не може и нема да има, рече Заев, оценувајќи дека „какво било инсистирање на нерегуларни избори, ќе ја втурне Македонија во драматична криза со несогледливи последици“.

Прашан што во случај ако ВМРО-ДПМНЕ и понатаму инсистира на одржување избори на 24 април Заев рече дека нема време за прочистување на Избирачкиот список согласно Изборниот законик.

- Тоа е нешто што е аргументирано, образложено со факти и навистина е податок којшто треба да потврди дали Македонија  ќе оди на избори со прочистен избирачки спиоск или не. СДСМ нема намера да ги алиментира нерегуларните, неслободните и нефер избори кои ги највува ВМРО-ДПМНЕ.  Истовремено немаме намера да бидеме неми посматрачи на вакви избори, рече Заев.

Прашан дали би лицитирале со нов датум за избори рече дека оставаат ДИК да соопшти до кога ќе заврши прочистувањето на избирачкиот список и посочи и на регулацијата на медиумите која треба да биде договорена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...