На полноќ стапува во сила одлуката за распуштање на Парламентот

Скопје, 23 февруари 2016 (МИА) - Собранието на Република Македонија, според одлуката што ја донесоа пратениците на 18 јануари, вечер на полноќ трeбa да се распушти со цел одржување предверемни парламентарни избори на 24 април, согласно договорот од Пржино.



Засега нема формална иницијатива до Собранието за променана одлуката за самосраспуштање. До синоќа ниту една од пратеничките групи немаше поднесено барање за менување на одлуката. 

ЕУ и САД во неделата преку заедничко соопштение ја изнесоа нивната оценка дека „иако одреден напредок е постигнат, неопходните услови за организирање на веродостојни избори на 24 април, во моментов не се исполнети“. Американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека, сепак, одлуката за датумот на одржување на изборите е на Собранието на Република Македонија.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера се изјасни дека не е точно дека нема услови за одржување фер и демократски избори во земјатa, оти не постои подготвеност кај СДСМ да излезе на избори, затоа што е свесна дека ќе ги загуби, но и дека поради тој страв на опозициската партија ќе се пролонгира кризата во земјата. Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за здтавство Никола Тодоров синоќа во интервју за телевизија „Сител“ рече дека до тој  момент одлуката на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да се одржат на 24 април.

 Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, вчера го повтори ставот дека не треба да има избори на 24 парил бидејќи нема услови. Според опозициската партија, претходно потребно е прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите.

ДПА и ДУИ вчера не излегоа со свој став во врска со оваа ситуација, иако претходно на средба на партијата во Гостивар лидерот ДУИ Али Ахмети се изјасни дека без оглед дали ќе има избори на 24 април или потоа тие ќе останат партнери со сите прогресивни сили како во земјава така и со странските.

Ахмети по средбата со американскиот амбасадор Бејли во неделата, изјави дека „ДУИ е во иста линија и комуникација со меѓународната заедница, и смета дека средбите треба да продолжат и да се постигне компромис и согласност меѓу сите страни за да не се дозволи договорот да пропадне, зашто тоа ќе значи почеток и продлабочување на политичката криза во Македонија“. Македонија нема потреба од политичка криза, туку завршување на актуелната криза, и затоа апелираме до сите партии да најдеме заедничко решение, рече лидерот на ДУИ.

Се очекува до крајот на денот да биде појасно дали ќе има менување на датумот на изборите. Амбасадорот на САД Бејли синоќа во телевизиско интервју изјави дека сега клучниот елемент е да се одлучи дали изборите да се одржат на 24 април или да се размисли за нов датум. - Ние јасно го кажавме нашиот став, но одлуката за тоа треба да ја донесат партиските лидери, рече амбасадорот.

Евроамбасадорот Аиво Орав, пак, во порака на Твитер синоќа напиша дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговарале за ситуацијата во Македонија и оти денеска во земјата ќе пристигнат европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан и оти тоа е последна шанса за партиските лидери да пронајдат решение. 

Инаку, вчера доцна попладне со соопштение се огласи и Државната изборна комисија наведувајќи ги активностите кои ги презема во врска со прочистувањето на Избирачкиот список.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...