Одложено гласањето за Резолуцијата за Македонија во ЕП

Брисел, 23 февруари 2016 (МИА) - Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, т.н. АФЕТ-група, го одложи гласањето за Резолуцијата за Република Македонија, која според предлогот на известувачот Иво Вајгл треба да содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите на македонската држава со Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, најновиот развој на политичките настани во Македонија, поради што денеска токму Вајгл со своите колеги Едвард Кукан и Ричард Ховит е во Скопје на преговори со претставници на политичките партии, придонесе наместо денеска, АФЕТ-групата да гласа за македонската Резолуција во Европарламентот на 29-ти овој месец.



Според информациите од ЕП, европратениците очекуваат како ќе се развијат настаните во однос на очекуваните предвремени парламентарни избори во Македонија, односно дали истите ќе бидат според договорот од Пржино на 24 април или подоцна, за да може и овој дел да влезе во Резолуцијата што се однесува на прогрес-извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите.

И покрај ова одложување од шест дена на гласање на Резолуциајта за Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европарламентот, усвојување на истата на пленарна седница на законодавниот дом на ЕУ останува според закажаното, а тоа е 9 март оваа година во Стразбур.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...