Мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори

Скопје, 24 февруари 2016 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција по полноќ изјави дека во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори. 

- На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните. Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности, рече Заев.



Тој смета дека мора да се избере нова влада, со полн легитимитет, за решавање на, како што рече, сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат.

- Потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот Парламент покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија, истакна Заев.

Според него, изборите треба да бидат  со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми на кои сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат. 

- Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза, додаде Заев, истакнувајќи дека „ништо повеќе не зависи од Никола Груевски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...