Велигденска честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов

Скопје, 25 март 2016 (МИА) - Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов по повод празникот Велигден што в недела (27 март) го слават граѓаните со католичка вероисповед, денеска упати велигденска честитка.

- Драги браќа и сестри, Велигден е врв над сите празници, но сепак ќе споменам дека тоа не е сеќавање, тоа не е споменување на нешто што поминало, туку тоа е настан кој и денес овде ни се покажува, а тоа е дека Воскреснатиот Исус сака средба со секој од нас. За таа средба од негова страна е покажаната силна љубов кон секој човек, а од наша страна вера и доверба дека сме способни да веруваме во тој нов свет кој Тој го оствари во себе.

Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж и смисла на нашето постоење, бидејќи јасно ни говори дека овде на земјата, во оваа ограничено изнемоштено тело не сме сосема дома. Не очекува преобразба на телото и влез во царството на бесмртноста за кое Тој со своето Воскресение ни ја отвори вратата. 

Ме радува фактот што во источната традиција нашите браќа во воскресно време се поздравуваат со зборовите на верата: Христос воскресе! Одговорот е вернички: Навистина воскресе! Така празнувајќи Велигден не го празнуваме на второто ниво, туку на првото а тоа е светот на верата. Затоа тој кој не е верник, всушност, не може да слави Воскресение.

Литургијата овие денови е обнова на нашата вера и предание на Бога за да можеме во светот да бидеме сведоци на Неговата присутност. Во тие мисли на сите христијани и тие кои сакаат да се придружат на нашето празнување, им го честитам денот во кој Христос започна во светот и во нас нов живот. Христос Воскресе!, се вели во велигденската честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...