ДИК:Засилено се одвиваат подготовките за почнување на теренските проверки

Скопје, 26 март 2016 (МИА) - Подготовките за отпочнување на теренските проверки засилено се одвиваат, завршено е печатењето на материјалите неопходни за спроведување на проверките, а во тек е процесот на нивно дистрибуирање до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, информираат попладнево од ДИК.

Во исто време, како што е наведено во соопштението од ДИК, се одвива и едукацијата на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

- Веднаш по завршувањето на овие два процеса кои паралелно се одвиваат, ќе стартуваат и теренските проверки, посочуваат од ДИК.

Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени.  

Од Државната изборна комисија информираат дека на првата наредна седница ќе расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...