Петнаесет години од масакрот кај Вејце

Скопје, 28 април 2016 (МИА) -  Денеска се навршуваат 15 години од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи во конфликтот во 2001 година.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје. При посетата на касарната Јолевски и Величковски  ќе присуствуваат и на дел од редовната обука која ја изведуваат припадниците на оваа најелитна единица на АРМ.



Ќе биде положено цвеќе и на останатите спомен обележја за бранителите од страна на семејствата, делегации на институции и здруженија на граѓани.

Во заседата кај Вејце загинаа бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...