Одбележан Денот на МНР

Скопје, 28 април 2016 (МИА) -  Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше одбележан Денот на МНР ( 29 Април) - празник што го симболизира создавањето на македонската дипломатска служба и нејзиниот развој од основањето во далечната 1969 година до денес.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во оваа пригода им се заблагодари на вработените за квалитетното, доследно, посветено и навремено извршување на работните задачи, со несмален ентузијазам и љубов кон својата земја низ изминатите години.

Во рамки на церемонијата, министерот Попоски им врачи плакети на дел од пензионираните  вработени, а беше доделено и традиционалното признание „Млад дипломат на годината“.

Историјата на институцијата надлежна за надворешната политика започнала на 29 април пред 47 години во Скопје, кога биле поставени темелите на македонската дипломатска служба со формирањето на Бирото за односи со странство. Потоа, ова тело се трансформира во Секретаријат за односи со странство, за три години по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година да го добие името кое и денес го носи - Министерство за надворешни работи на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...