Дел од синдикати на ССМ со пораки по повод Меѓународниот ден на трудот

Скопје, 28 април 2016 (МИА) - Сигурни и достоинствени работни места, слобода на организирање и договори на неопределено време се дел од пораките на неколкуте синдикати членки на Сојузот на синдикати на Македонија упатени по повод претстојниот Меѓународен ден на трудот - 1 Мај.

Синдикатите на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ, Синдикатот на одбраната и Синдикатот на работниците од енергетиката и стопанството денеска најавија дека ќе се борат за редовни плати, квалитетни и сигурни работни места, потпишување општ колективен договор за јавниот сектор и за враќање на правото на регрес на годишен одмор и за јавниот сектор. 

Поради совпаѓањето на 1 Мај со големиот верски празник Велигден, од овие синдикати соопштија дека годинава нема да организираат првомајски марш.

- Имаме намера во иднина на достоинствен начин да го одбележуваме празникот. Годинава не сме во можност тоа да го направиме како што сакаме од причина што има совпаѓање со верскиот празник Велигден. Од следната година ќе го одбележуваме достоинствено 1 Мај и ќе ги повикуваме работниците секогаш да излегуваат на протест, рече Пецо Грујовски, претседател на синдикатот на УПОЗ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...