Средба на вицепремиерот Адеми со словенечкиот амбасадор Раковец

Скопје, 28 април 2016 (МИА) - Актуелната политичка состојба во државата, билатералната соработка помеѓу Македонија и Словенија, како и поддршката која нашата земја ја добива од Република Словенија на својот евроинтегративен пат, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и словенечкиот амбасадор Бранко Раковец.

Во однос на политичките случувања во Македонија, информираат од СЕП, вицепремиерот Адеми се осврна на последните настани во земјата и изрази уверување дека откакажаната лидерска средба во Виена, под покровителство на Комесарот Хан и тројцата европратенци, ќе треба итно да ги поттикне лидерите на политичките партии да побараат нов начин за излез од кризата и позитивен исход.

- Адеми истакна дека треба да се следат постулатите од Политичкиот договор и да се организираат кредибилни и инклузивни избори, кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Во тој контекст беше побарана поддршка од Словенија за задржување на препораката за почеток на преговори, што за нас е од особена важност, и беше посочено дека не треба да бидеме ценети само според моменталната ситуација, туку и според целокупниот досегашен напредок, соопшти СЕП. 

Во врска со билатералната соработка помеѓу двете земји, се потенцира во соопштението, соговорниците зеднички оценија дека е на исклучително високо ниво и дека двете земји имаат стратешко партнерство кое се карактеризира со континуирана поддршка за процесот на ево-атлантска интеграција на Македонија. Исто така, беше заклучено дека постојат услови за понатамошно продлабочување на соработката во сферата на економските и трговските односи.

Амбасадорот Раковец ја истакна позитивната и конструктивна улога на Македонија во справувањето со миграциската криза и придонесот за спречување на обидите за нелегален премин на македонско-грчката граница. Улогата на Македонија ја оцени како многу значајна и како јасен придонес кон сеопштиот план на ЕУ за справување со миграциската криза.

Соговорниците се осврнаа и на значењето на добрососедските односи и регионалната соработка при што уште еднаш беше заеднички потенцирано дека билатералните спорови не треба да ги попречуваат земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.

Вицепремиерот Адеми го информираше амбасадорот Раковец и за минатонеделната официјална посета на Република Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...