„Од град во село, за нов почеток“ - нов проект за враќање на населението во селата

Скопје, 28 април 2016 (МИА) - „Од град во село, за нов почеток“ е новиот проект од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со пакет мерки и бенефиции со цел поттик на населението за враќање во селата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска информира дека секој корисник на проектот што ќе стартува од јануари следната година и ќе трае две години, ќе добие пакет бенефиции и поддршка преку субвенционирање на трошокот за купување, обнова или градба на куќа најмногу до 6.000 евра, бенефиции за бесплатно државно земјоделско земјиште до три хектари, како и еднократна месечна субвенција од по 15.000 денари во тек на 18 месеци.

- Нашата цел е преку проектот „Од град во село, за нов почеток“ да обезбедиме услови кои во комбинација со веќе достапни мерки и активности од Програмата на Владата ќе стимулираат враќање на животот во селата и унапредување на социоекономските услови за живот во руралните средини во државата. Истовремено давање една шанса повеќе на оние кои се невработени или имаат многу ниски примања во семејствата, рече на презентацијата на проектот Груевски.

Проектот ќе може да го користат лица кои претходно мигрирале од село кон град и се уште имаат имот на село, кои мигрирале, но не го задржале имотот на селото, како и невработени лица од град или, пак, вработени но со многу ниски примања, односно со вкупна месечна нето плата на целото семејство од 21.813 денари.

Проектот ќе може да го користат брачни парови, од кои постариот партнер има најмногу 45 години, а предност ќе имаат оние со повеќедетни семејства.

- Потребно е да имаат конкретна бизнис идеја за самовработување со потенцијал да генерира нови работни места. Проектот се однесува за населување села до 500-ини жители, истакна Груевски, укажувајќи оти корисникот ќе има обврска 10 години да не смее да го продава ниту пак да ја намали вредноста на имотот и оти се обврзува да живее најмалку 15 години на село по почнување на користење на условите од проектот.

За да се избегнат злоупотреби ќе бидат формирани комисии за надзор на спроведувањето на проектот и проверки на терен.

 

- Бидејќи се располага со ограничени ресурси за расположливо обработливо државно земјоделско земјиште и пасишта преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дополнително ќе се објави во кои села ќе биде понуден ваков пакет зависно каде има слободна земја и пасишта, но истовремено наша интенција ќе биде да се користи максимално она што е на располагање, рече Груевски, апелирајќи што повеќе лица да се пријават и да ја искористат можноста.

Како што појасни, оние кои веќе имаат куќа на село ќе може субвенцијата до 6.000 евра да ја искористат за реновирање, доградба, надградба или на самата куќа или на земјоделски објекти како плевни, штали, магацини, складишта, силоси... Оние што ќе сакаат да користат повеќе од три хектари земја за обработка ќе можат да добијат дополнително државно земјоделско земјиште по стандардните услови штос се нудат за таа намена. Еднократната месечна субвенција во тек на година и пол што вкупно ќе изнесува 270.000 денари, како што рече Груевски, треба да ја осигури егзистенцијата во периодот додека не стасаат првите приходи од земјоделската дејност. На корисниците на проектот ќе им бидат на располагање уште девет мерки.

Меѓу другото, ќе посетуваат задолжителни обуки за претприемништво, почнување и водење сопствен бизнис, како и специјализирани бизнис, обуки за земјоделство и најдобри земјоделски практики. На располагање ќе им биде и ангажирање професионални земјоделски советници, како и најавените нови меки со 80 проценти поддршка од државата за инсталирање систем „капка по капка“, за набавка на високоприносен добиток, како и за бесплатна концесија за пасишта што ќе биде наменета единствено за корисниците на овој проект.

- Наша интенција е да се искористат огромните потенцијали што ги нуди македонското село. Целта се селата до 500-ини жители бидејќи тие се на границата на целосно иселување. Истовремено ова претставува неповторлива можност за оние кои се преселени и живеат во град, а особено оние кои имаат некакви ресурси во местата од каде потекнуваат како стара куќа или некаков земјоделски капацитет со потенцијал да биде рестартиран. Ова е шанса и за оние кои се невработени, а живеат во град. Еве шанса преку својот труд со исклучителна поддршка од државата да дојдат до свој дом, своја работа и бизнис за семејството на село. Државата нуди работа, дом и исклучителни поволности за поддршка на сопствен бизнис на село, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што укажа Груевски, вакви проекти се применуваат и во други земји во светот, во соседството, во држави на ЕУ, во Канада, САД, Австралија... Секоја држава, потенцира, го нуди она што смета дека ќе ги задржи луѓето на село.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...