Во Македонска Каменица обележана годишнината од масакрот кај Вејце

Македонска Каменица, 28 април 2016 (МИА) - Македонска Каменица денеска му оддаде почит на бранителот Миле Јаневски-Џингар кој заедно со уште седум припадници на единицата Волци и на МВР во 2001 година на денешен ден беа масакрирани кај Вејце.

Пред спомен-обележјата на Јаневски, се поклонија и положија цвеќе членовите на семејството Јаневски, неговите пријатели, колегите од едницата Волци, претставници од општина Македонска Каменица и од институции и здруженија на граѓани.

Воедно, денеска својот патрон го одбележува и каменичката гимназија која со формирањето од пред 7 години, го носи името на бранителот Јаневски.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, истакна дека градот никогаш нема да го заборави Јаневски.

- Во изминатите години општината го чествува името на Миле Јаневски- Џингар. Малите општини немаат секогаш можност да имаат големи херои, но ние како општина го имаме Миле Јаневски-Џингар. Во негова чест СОУ од нашиот град го носи неговото име, исто така и една улица во градот, организираме меморијален турнир на овој ден во негова чест, а изминатиов период поставивме и три бисти со ликот на Јаневски. Можам да кажам дека во секојдневното живееење, името на Миле Јаневски- Џингар е живо и е длабоо врежано во сите нас, рече Митевски.

По повод денешниот ден, единицата Волци пред каменичани одржаа тактичко-показна вежба, а имаше и презентација на оружјето и опремата на Волците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...