Велешката oпшта болница ќе се реконструира

Велес, 28 април 2016 (МИА) - Министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети ЈЗУ Општа болница Велес, одговарајќи на новинарско прашање рече дека денеска ќе биде потпишан договор со фирмата која ќе работи на реконструкција на таа јавна здравствена установа.

- Она што го најавивме при минатата посета ќе се реализира. Со овој проект треба комплетно да биде променета фасадата со термофасада со што ќе се придонесе за енергетска ефикасност, како и внатрешно реконструирање на некои од одделенијата на болницата. Потоа ќе следи и реконструкцијата на Инфективното одделение кое е сместено во засебна зграда во склоп на болницата, а за што проектот е во завршна фаза. По завршување на проектот ќе се започне процедурата за набавка со што ќе се избере изведувач на градежните работи и за ова одделение, појасни Тодоров.

Тој воедно информира дека е направена сериозна заштеда на средства во делот на договорот за реконструкцијата на Велешката болница.

- Беа предвидени 25 милиони денари, а сега е падната инвестицијата на околу 18 милиони денари. Инаку овие средства за реконструкција на Велешката болница се од заштедените средства кои ги направи Министерството за здравство со централните набавки и овозможувањето на конкуренцијата и паралелниот увоз на лекови со што се заштедени вкупно 250 милиони денари. Токму еден дел од тие средства се наменети за реконструкција на Велешката болница, додаде Тодоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...