Притвор за скопјанка за улична продажба на дрога

Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против В.А. (27) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавила психотропна супстанца амфетамин и наркотична дрога, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје.

За стореното кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, судија на претходна постапка на В.А. и изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информираат од МВР, пријавената, која и во 2014 година била кривично пријавена за недозволена трговија со амфетамин и хероин, во текот на минатата и оваа година, од засега непознати лица, набавила поголема количина на амфетамин и марихуана и ги препакувала за улична продажба на уживатели од Скопје.

- Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека пријавената препакуваната дрога почнала да ја продава на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази. Откако од страна на полициски службеници е потврдено сознанието биле превземени мерки и активности, при што во временскиот период 2015 и 2016 година при извршени лични прегледи кај пет уживатели од Скопје, биле пронајдени и одземени вкупно пет полиетиленски паковски со амфетамин и една полиетиленска паковка со кокаин, соопшти МВР.

По извршените разговори со уживателите, се нагласува во соопштението, било утврдено дека сите, по претходен телефонски договор со пријавената, на различни локации во Скопје ги купиле паковките со дрога, кои им биле за лична употреба.

- Од страна на полициски службеници В.А. била забележана во централното градско подрачје во непосредна близина на нејзиниот дом и при личен преглед кај неа биле пронајдени и одземени 58,56 грама марихуана, спакувани за улична продажба, две полителенски паковки со амфетамин и една дигитална вага. Потоа била приведена и со неа бил извршен разговор, а по наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во нејзиниот дом каде биле пронајдени шест полиетиленски паковки со марихуана, три полиетиленски паковки со амфетамин и една дробилица за тутун, прецизира МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...