Иванов на Велигденска литургија во Соборниот храм

Скопје, 1 мај 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје на сите православни верници им го честиташе најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.

- На сите што денес го слават Велигден би сакал да им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав Христос Воскресна, навистина Воскресна. Празникот Велигден не е само воскресение, тоа е празник и момент на лично воздигнување. Како што кажал патронот на нашата црква свети Климент Охридски: Воздигнувањето е престигнување во добрина, рече Иванов.

Значи, посочи Иванов, да бидеме добри граѓани, добри родители, добри деца, да шириме добрина околу нас, затоа што овие моменти најмногу ни треба она што го посакува и Велигден - меѓусебе да си простуваме и да се обединуваме.

- Ни останува да ја сакаме Македонија, затоа што во духот на нашата традиција треба да го сакаме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме. Затоа посакувам таа љубов кон Македонија да им ја пренесеме и на сите наши потомци и на вакви моменти да се потсетуваме што се сме дале да ја имаме оваа држава и да си ја чуваме, додаде Иванов.

На Велигденската воскресна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, како и голем број верници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...