Куманово подготвено за спортската „Гимназијада за средни училишта“

Куманово, 3 мај 2016 (МИА) - Завршени се сите подготовки за 10-та спортско-училишна манифестација „Гимназијада за средни училишта“, што ќе се одржи од 5 до 7 мај годинава во Куманово, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од општината.

На манифестација ќе учествуваат околу 60-тина средни училишта од државата со приближно 1.000 учесници кои ќе се натпреваруваат во ракомет, одбојка, кошарка,атлетика, фудбал и футсал.

- Чест ни е што имаме можност да бидеме домаќини на оваа престижна спортска манифестација, на која ќе го промовираме градот, а во истовреме ќе покажеме дека сме град кој се грижи за младите и спортот, пред се за училишниот спорт како основа за понатамошниот развој на спортот, изјави градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Тој нагласи дека општината има одвоено милион денари во програмата на Сојузот на спортовите за поддршка на манифестацијата, од кои додаде, дел се наменети за чистење, санација,тековно оддржување и реконструкција на постоечките спортски објекти и закуп на одредни игралишта.

Дамјановски изјави дека поради незавршеното партерно уредување и динамиката на изведбените активности, затворениот градски базен нема да биде пуштен во употреба, како што претходно беше најавено на 6 мај. Најави дека изградбата на затворениот базен ќе заврши до крајот на овој месец, додека на отворениот до крајот на јуни годинава.

Претседателот на општинскиот сојуз на училишен спорт, Ивива Ѓорѓиевски информираше дека во „Вук Караџиќ“ ќе се играат натпреварите во одбојка за машки, додека за женските во „Толи Зордумис“,кошарка машки во СОУ „Перо Наков“,за женски во ОУ „Христијан Карпош“,ракомет машки во „Киро Бурназ“за женски во „Магдалена Антова“.Во спортската сала и во основното „Браќа Миладиновци“ ќе се играат натпреварите за футсал, учесниците ќе се натпреваруваат и на атлетскиот полигон, а големиот фудбал ќе се игра на градскиот стадион и на стадионот во населбата „Карпош“.

„Гимназијадата“ е во организација и се реализира со поддршка на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт, општина Куманово и Федерацијата на училишниот спорт на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...