Останувам во контакт со сите лидери на политичките партии

Штип, 3 мај 2016 (МИА) - Остануваме во контакт со политичките лидери за Македонија да излезе од политичката криза, одговори денеска Амбасадорот на САД Џес Бејли на новинарско прашање за време на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, дали амбасадорите ќе помогнат за да се закаже нова лидерска средба во земјава. 

- Останувам во контакт со сите лидери на политичките партии. Денеска сум овде да зборувам на друга тема, но секако ќе останеме во контакт, ќе се трудиме да и помогнеме на Македонија да излезе од оваа политичка криза. Ќе ве информираме за следните чекори што планираме да ги направиме, рече Бејли.

Амбасадорот на САД, Бејли денеска имаше средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев и одржа предавање на студентите од Правниот факултет.

Една од моите цели уште пред да дојдам во Македонија, потенцира тој, беше да се зајакне соработката меѓу нашите универзитети и студенти.

- Секој универзитет во светот сака да стане дел од еден глобален систем, затоа е  важно студентите и универзитетските работници да имаат соработка не само во регионот, туку и во светот. Задоволен сум што Амбасадата може да соработува со вашиот универзитет во неколку различни области, а ќе го вклучиме и Правниот факултет кој ќе го посетам сега. Соработуваме и во научните студии. Тоа е дел од мојата работа овде да градам врски меѓу нашите земји меѓу нашите универзитети, рече Бејли.

Ректорот на УГД, Боев истакна дека на средбата со амбасадорот Бејли разговарале за  соработка и конкретни проекти коишто можат да се реализираат меѓу штипскиот универзитет и универзитетите во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...