Македонија сериозен партнер во справувањето со безбедносни предизвици

Скопје, 3 мај 2016 (МИА) - Последните случувања за мигрантската криза, безбедносната состојба во регионот и Европа пошироко, следниот самит на НАТО што треба да се одржи за два месеци во Варшава, како и за унапредувањето на соработката меѓу двете земји во областа на одбраната, беа темите на кои на денешната средба разговараа министерот за одбрана на Унгарија Иштван Шимичко и на Република Македонија Зоран Јолевски, кој се наоѓа во еднодневна посета на Будимпешта.

На средбата, како што соопшти денеска МО, министерот Шимичко искажал благодарност за напорите што Македонија ги вложува за успешно справување со мигрантската криза и истакнал дека Унгарија дава целосна поддршка и определеност за интеграција на Република Македонија во евроатлантското семејство. 

- Македонија докажа дека е сериозен партнер во справувањето со сложените безбедносни предизвици. Како дел од Југоисточна Европа континуирано придонесува за евроатлантската безбедност и стабилност. Во тој контекст, активно придонесуваме во колективните напори за справување со современите предизвици, закани и ризици, истакнал министерот Јолевски.

Тој нагласил дека мигрантската криза со која се соочува Европа е од размери што укажуваат на потребата од координирана и сеопфатна стратегија за нејзино надминување. Соработка на сите земји од Европа, вклучувајќи ги од Југоисточна Европа, потенцирал, е вистинскиот одговор на безбедносните предизвици со кои денес се соочуваат европските земји.

Според Јолевски, дел од оваа стратегија треба да биде и Турција, како и останатите соседни земји на Сирија и Ирак. Притоа подвлекол дека е неопходно да се поддржат земјите непосредни соседи на Сирија во нивните напори за обезбедување соодветни услови за мигрантите. Јолевски посочил дека колку поблиску бегалците се до нивните домови, толку е поголема веројатноста тие да се вратат по постигнувањето на мирот во Сирија.  

Тој ги истакнал аргументите зошто Република Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО и изразил благодарност за континуираната поддршка на Унгарија.

- Од клучно значење е Република Македонија да го добие заслуженото полноправно членство во НАТО алијансата, а тоа е од особено значење не само за Македонија, туку и за безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко, потенцира Јолевски, изразувајќи уште еднаш благодарност за искажаната поддршка од страна на Унгарија за напорите на Република Македонија за влез во НАТО, како и помошта укажана за справување со мигрантската криза, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...