ВМРО-ДПМНЕ: Наумов повторно се обидува да ја манипулира јавноста

Скопје, 3 мај 2016 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии за денешната аукција на државни записи наведува дека Кире Наумов повторно се обидува да ја манипулира јавноста создавајќи незадоволство и паника.

- Каматните стапки на државните хартии од вредност во времето на СДСМ беа и над 11 проценти. Значи ако се сега околу два проценти тогаш биле дури над 11 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината, како што стои во соопштението, е дека Македонија во моментот е меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа. - Потврда дека долгот е на умерено ниво имаме од сите реномирани меѓународни финансиски институции како Светска банка, ММФ и кредитните рејтинг агенции Фич и Стандард и Пурс, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуват дека државните хартии од вредност беа воведени во 2004 година. - Уште во 2003 година тогашниот министер за финансии има донесено Стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност во која се наведува дека овој начин на финансирање на буџетскиот дефицит е многу поевтин и помалку ризичен на надворешни шокови и финансиски кризи, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека средствата од ДХВ се користат за финансирање на редовните расходи предвидени во Буџетот кој е изгласан од Собранието на РМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...